Завод и музеј финансиски ќе ја помага заштитата на неколу приватни објекти во Охрид
Обезбедени се пари за реконструкција на кровните конструкции на куќи кои се под заштита на државата. Меѓу нив е Kуќата на Момирови која е во сопственост на Заводот и ќе sе адaптира во музејски простор.
НУ Завод и музеј обезбеди средства од ресорното министерство за реконструкција на 5 приватни објекти во Охрид. Станува збор за заштита на семејните куќи на Ленче Петанова на ул.Димитар Влахов, Томислав Стефоски на ул. Гоце Делчев, Славко Патчев на ул. Цар Самоил, Стевче Талев на ул 11 Октомври и куќата на Момирови во сопственост на Завод и Музеј на ул. Илинденска. Со тоа продoложува институционалната грижа во заштитата на приватните објекти кои со својата архитектура се дел од значајното културно наследство , информира Даниела Недељковиќ, в.д. дир на Завод за заштита на спомениците и Музеј Охрид.
„Се отпочнува со изработка на проекти со реализација за санација на кровен покривач на приватни објекти кои се под заштита на државатa “, нагласува директорката Недељковиќ.
Во рамки на активностите за заштита на објекти кои се дел од недвижното културно наследство ќе се интервенира со реконструкција на кровите и на две куќи во Струга. Тоа се куќите на Браќата Миладиновци и куќата на СВП. На објектот на Браќата Миладиновци покрај кровната конструкција, ќе се санираат и оштетените внатрешни ѕидови, источната фасада и внатрешниот ентериер. Недељковиќ покрај заштита на привaтните објекти, како нивна идна цел, пoсочува потреба и од интервенција за заштитата на најпосетуваните туристички места во Охрид , Заливот на коските и Самоиловата тврдина.
„Сакам и тука да се изврши санација на дел од бедемите на Самоилова тврдина и на Горна Порта. Потребно е и хортикултруно уредување за освежување на привлечните туристички локалитети“, напоменува Недљковиќ за идните проекти на Завод и Музеј.
Недељковиќ информира дека со уредување на Куќата на Момирови која е во сопственост на Заводот ќе се спречи пропаѓањето на објектот. Градот ќе добие важен адаптиран музејски простор за посетителите.