Skip to main content

Атлантис се враќа дома

Вселенскиот брод Атлантис се очекува денеска да слета во вселенскиот центар Кенеди на Флорида, по 12-дневната мисија на Меѓународната вселенска станица.

 |  Крсте Голабовски  | 
Atlantis
Атлантис
Вселенскиот брод Атлантис се очекува денеска да слета во вселенскиот центар Кенеди на Флорида, по 12-дневната мисија на Меѓународната вселенска станица.

AtlantisАтлантис беше лансиран пред точно 11 дена со шест членови на екипажот, а целта на мисијата беше да се достават два контејнери со резерви делови чија тежина изнесува 12 тони.

Еден од дефектите што Атлантис требаше да го поправи е расипаниот уред за рециклирање на урината, што е дел од системот за рециклирање на отпадни води.

Ова е последна мисија на НАСА за оваа година.

За 2010, НАСА најави пет нови мисии на Меѓународната вселенска станица.




{loadposition content9}