Јавното претпријатие за Државни патишта го избра изведувачот за реконструкција на ул 15-ти Корпус
Работите се очекува да отпочнат овој месец. За следната година во буџетот на општината се планирани средства за изградба и реконструкција на уште две поголеми градски улици како што се Абас Емин и 7-ми Ноември, но и подорбрување и на патната инфраструктура во остантите делови од градот.
Северниот влез во Охрид наскоро ќе добие современ изглед. Со претходна одлука на градскиот совет, Локалната самоуправа обезбеди изведување на инфраструктурни проекти за поголема безбедност на пешаците и велосипедистите со изградба на тротоари и велосипедски патеки на 15 ти Корпус. Во меѓувреме и ЈП за Државни патишта минатата недела ја заврши постапката за избор на изведувач на рекoнструкцијата на оваа улица, инфoрмира охридскиот градоначалник Константин Георгиески.
„Избран е изведувач на горниот слој на улицата за износ од 30 милиони денари. Остатокот од инвестицијата ќе биде од општинскиот буџет од околу 30 милиони денари за улицата 15 -ти Копрус. Очекувме работите да отпочнат во месец декември“, укажува Георгиески.
Подобрување на инфраструктурата се планира и со зафати на уште две поголеми сообраќајници како што се Абас Емин и 7 ми Ноември, но ќе се поправаат и други градски улици. За таа намена локалната самоуправа предвиде средства во буџетот. Во општинскиот буџет за 2020 година ќе се издвојат средства и за изградба на атмосферска канализација на улиците 7-ми Ноември и Абас Емин.
„Преку проект од Европска банка за обнова и развој во завршна фаза е распишување на тендер за улицата Абас Емин. Добивме уште 5 прашања оваа недела од консултантот и ги одговоривме. Очекуваме да се распише тендер од министерството за транспорт и врски. Додека за горниот слој се планирани средства од Светска банка кои се обезбедени за Охрид во износ од 1 милион и 280 илјади евра и очекуваме наскоро да почне и овој покрупен проект, “напоменува Георгиески.
Покрај овие три поголеми сообраќајници се планирани и реконструкција и на улиците Марко Цепенков, Охридски бригади, Прва Македонска ударна бригада и на повеќе улици во населбата Христо Узунов. Се планира и изградба на нови паркинг места, партерно уредување на плоштадот Крушевска Република, реализација на првата фаза од изградбата на речното корито на Грашница од Булевар Туристичка до Желзничка, како и изградба и реконструкција на детски игралишта.