Се реконструира Мостот на поезијата во Струга
Почнаа градежните работи за реконструкција на најпознатиот мост во Струга, Мостот на поезијата, каде секоја година се одржуваат Струшките вечери на поезијата, од каде произлегува и името на мостот.
Почнаа градежните работи за реконструкција на најпознатиот мост во Струга, Мостот на поезијата, каде секоја година се одржуваат Струшките вечери на поезијата, од каде произлегува и името на мостот.
Реконструкцијата на овој мост е многу важна затоа не само што служи како клучна точка(мост) за поврзување на писателите ширум светот но и заради фактот дека истиот не е реновиран уште од неговата изградбата.
Од локалната од Струга најавуваат дека многу наскоро, Мостот на поезијата ќе го добие новиот изглед.
Мост на поезијата петставува дрвен мост на реката Црн Дрим во Струга. Мостот е позната поради тоа што секоја година, на крајот од август на него се изведува завршната манифестација на еден од најпознатите светски фестивали „Струшките вечери на поезијата” . На овој мост, таа вечер поетите од целиот свет читаат поезија на сопствениот јазик. Таа ноќ, мостот се претвора во најголемата поетска сцена на светот.