Лицата со инвалидитет реагираат на злоупотреби со паркинг места наменети за нив
Од одделението за сообраќај и улици напомeнуваат дека на охридските паркинзи е запазен законскиот процент предвиден за обезбедување на паркинг места за оваа категорија луѓе. Од СВР се изречени две прекршочни пријави за злоупотреби кон несовесни граѓани за оваа година.
Се узурпираат паркинг местата наменети за лицата со инвалидитет на паркиралиштата низ градот, реагираат лицата телесни инвалиди. Несовесни возачи постојано паркираат на места обележани за лицата со отежнато движење, без грам совест, вели една наша сограѓанка. Друг пак, реагира за читањето на картичките од страна на инкасаторите на рампите во Охрид.
„Зошто автоматски не ја читаат нашата картичка би требало да ја читаат автоматите бидејќи ја читаат на патарина и на други места,напоменува лице со хедникеп.
Венко Голабоски , претседателот на здружението Мобилност од Охрид и Дебрца напоменува дека работит ес е менсуваат во поодбар правец. Во контакт со директорот на ЈП Билјанини извори се за да се обезбедат соодветен број на паркинг места за членовите на нивното здружение.
„ Се договоривме колку паркинг места се потребни и тие ќе се зголемуваат. Се договоривме да изготвиме специјални налепници за патните возила затоа што сега налепниците може да се печатат и да се стават на сите возилата кој како сака“, вели Венко Голабоски.
На секојдневни појави од злоупотреби со картичките за паркирање наменети за инвалидизираните лица укажува и директорот на ЈП Гордана Јованоска.Таа напоменува дека има паркинг места кои ги одредува локалната самоуправа , а две места има и во премиум зоната. Но, најчесто паркиралиштата за овие лица се злоупотребувани од членови од потесното семејство на лицата со инвалидитет.
„На на паркинг местата ние немаме надлежност. Ние ги оставаме да се паркираат и на обичните места имаме разбирање. Злоупотребите треба да ги санкционира СВР. Вистински инвалидизираните лица малку може да ги користат паркинг местата. Ако видиме на возилата дека има налепница со кои се ослободени од патарина ние ги оставаме слободно да се паркираат и на обичните паркинг места“, вели Јованоска.
Проблемите на лицата со хендикеп ги слушна и градоначалникот Константин Георгиески. Тој е отворен за соработка и за излез во претрет на нивните потреби , но упати апел до граѓаните.
0:02 „Не е проблем да обезбедиме паркинг плус место , но тоа пак ќе се узурпира. Не е виновна ни полицијата туку јавната свест и културата на народот“, рече Георгиески.
Зоран Шикалоски од Фондот за улици и патишта вели дека општина Охрид го има испочитувано законскиот процент и има обезбедено 3 посто паркинг места наменети за лицата со инвалидитет. Во Охрид од 680 паркинг места има 24 места означени за инвалидизираните лица. Доколку постои потреба од повеќе места ние може да излеземе во пресрет на нивните потреби, вели Шикалоски.
Од СВР Охрид оваа година изрекле само две прекршочни пријави за злоупотреби на паркинг места означени за лица со хендикеп.
Она што зачудува е, што според некои кажувања, налепниците за означување на возилата за инвалидизирани лица може да се купат во слободна продажба на пазарите, а книшките за инвалидизираните лица ги издаваат здруженијата на лицата со инвалидитет.