Skip to main content

Пчеларите стравуваат од невообичаените високи температури оваа есен

Никогаш не се случило во овој период од годината пчелите да создаваат нови пчелни легла. Сега се зависи од тоа какви темепратури не очекуваат во престојните зимски и пролетни денови, велат искусните одгледувачи на пчели.

 |  Валентина Неловска  | 

Пчеларите се загрижени од невообичаените високи есенски температури за овој дел од годината. Ваква есен досега не сме имале, велат со доза на страв пчеларите загрижени за опстанокот на пчелните семејства. Растенијата се уште цветаат, а пчелите неместо да презимуваат излегуваат и трошат храна и стравуваме дека нема да имаат доволно за преживување ако има долга студена зима, вели Ицко Китанечев долгогодишен охридски пчелар.

Вообичаено пчеларите ги проверуваат пчелните семејства околу Водици кога се отвараат сандаците и се проверуваат каква е состојбата со храна, додава загрижено Китанечв.

„За месец дена е тоа, а пчелите се долго надвор. Деновиве отворив сандак и матицата имаше 3 -4 рамки со нови легла. Ненормална појава е тоа за овој период. За леглото да го одгледа матицата троши храна. Пчелите трошат храна и се истоштуваат “, вели Китанечев.

 

Пчелата со векови опстанувала во различини временски услови доклку има храна во сандаците. Сега работите се менуваат и храната им е ограничена од страна на одгледувачите, напоменува Китанчев.

„ Некои пчелари ако зеле повќе од медот и направиле прихрана со сируп згрешиле. За да неси матицата на пролет мора да има минимум 12 кг мед и 3 до 4 рамки полен за да се развијат пчелните друшта Напролет условите за излегување во природата се кратки и им требаат внатрешните резерви на мед и перга,“ подвелкува Китанчев.

Нема совет за пчеларите во моментов од страна на Ицко Китанчев, пчелар со долгогодишно искуство. Тој напоменува дека сега се зависи од тоа какви темепратури не очекуваат во престојните зимски и пролетни денови. Доколку има блага зима и пролетни денови без опасни мразеви тогаш приносите може да бидат многу добри ,но во спротивно лошо им се пишува на пчеларите.