Во Вевчани нема недвижнини на продажба
Во оваа мала општина и иселувањето на младите луѓе не е со драстично темпо. Се повеќе млади луѓе остануваат на своите огништа, а тоа е случајот и со медицинскиот кадар при Здравствен Дом.
Бранот на трајно иселување на младите луѓе од земјава во белиот свет за среќа го одминува Вевчани. Она што е карактеристично за оваа мала населба на 10 км од Струга и 30 тина километри одалечено од Охрид е што многу мал број на млади луѓе заминуваат од родните огништа, а повеќе се враќаат дома. Најдобар пример за тоа е младиот медициски кадар од здрвствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ кој работи и се грижи за здравјето на мештаните. Станув збор за претежно помлад здравствен кадар.
„Мислам дека тоа се должи на желбата да створиме добри услови за лекување на шителите. Младите да останат тука.Инината си ја гледаме тука. Се надевам дека и остантите размислуваат така“, вели Дијана Бебекоска главна медицинска сестра во Здравстениот дом.
Во ЗД „Д-р Светозар Чочороски“ кој има долга здравствена традција и е една од постарите здравствени установи, функиционираат сите медицински гранки.Тука работаат матични лекари, орална хирургија, интернистичка и гинеколошка амбуланта, рентген и лабораториска служба, но и итна медицинска помош која функционира со две амбулантни возила.
„Генерално сме добри . Може некое возило дополнително би ни било добредојдено. Докторите сме сите, млада екипа. Се надевам дека ќе им и нови и ќе продолжиме да се шириме“, вели д-р Иван Коруноски.
Во Здрaвствен дом „Д-р Светозар Чочороски“ има над 80 лекари и медицински персонал, а здравствена заштита добиваат над 35.000 пациенти од Вевчани и струшките села како Подгорци, Октиси, Лабуништа, Татеши, Велешта , Јабланица,Боровец и други неселни места кои гравитираат кон општина Вевчани.
Во моментов на специјализација има млади лекари од овој здравствен дом кои ќе работат на проширување на здравствените услуги. Еден од плановите на Здравствен дом е формирање на кардиолошко одделение со помош на стручни екипи од Кардиолошкиот завод од Охрид.