Мурињо го продолжи договорот со Интер до 2011
Португалецот го превзеде кормилото на Интер на почетокот од оваа сезона потпушувајќи тригодишен договор со трајност до 2011.
Мурињо во својата прва сезона во Серија А успеа да стигне до титула во Италјанскиот шампионaт, четврта во низа за Интер.
Во последните неколку недели тој стана мета и приорите на Реал Мадрид по што Интер брзо реагираше и му достави нов договор.
Мурињо ја продолжи верноста за уште една додатна година и сега ќе биде обврзан кон Интер до јуни 2012.
“Како одговор на желбите на тренерот да продолжи со проектот кој го започнавме заедно пред една година, желба пречекана со задоволство од клубот како знак на приврзаност и победнички дух, Интер соопштува дека Жозе Мурињо го продолжува договорот до 30 јуни 2012.” – гласеше соопштението на официјалната веб страна.
Извештаите на медиумите од Италија говорат дека Мурињо добил зголемување на платата која сега изнесува 10 милиони евра годишно, но клаузулата за прекин на договорот од 7,5 милиони евра сепак е останата.
{loadposition content9}