Усвоен основниот општински буџет во висина од околу 11 милиони евра
Опозицијата во советот го искористи правото на поднесување на амандмани. Од нив позицијата усвои еден и еден делумно. Буџетот е развоен и креиран според потребите на граѓаните, смета градоначалникот. Амандманите на опозоцијата се популистички, рече Георгиеки, а за опозицијата буџетот не е развоен.
11 милиони евра е „тежок“ основниот буџет на општина Охрид за 2020 година. Вкупните приходи во буџетот се проектирани на износ од 1.231.170.000,00 денари, додека приходите само на основниот буџет се проектирани на 673.068.143,00 денари. Буџетот е развоен и креиран според потребите на Охриѓани, истакна градоначалникот Константин Георгиески. На денешната седница опозицијата го искористи правото за поднесување амандмани. Предложија 14 амандмани со дополнувања на ставки со кои предлагаа кратење на средства од ставките како што се собраќајна сигнализација, набавка на возило и привремени вработувања во општината. Советниците предлагаа зголемување на средства во ставките за образование, социјална заштита, изградба на водовод и прочистителни станици за вода, асфалтирање на краци од споредни улици, спорт, реновирање на културни и спортски домови.
„Ова се реални и се суштински потребни за граѓаните. Амандамните ако не се прифатат ќе е доказ дека ова Локална самоуправа планира да се развива со превраборување на инситуциите на ЛС и ЈП и е безидејна во работењето“, обвини Кирил Пецаков координатор на претничката група на Вмро Дпмне.
По разгледување на амандаманите од страна на Комисијата за финансии и буџет се усвои само еден амандман и еден делумно. Беа усвоени амандманите за зголемување на средства за организирање на фудбалски турнир за младинци до 15 години и добивање еднократна помош во висина од 5.000 денари за секое новороденче во општина Охрид, како и досега.
Опозицијата се одлучи за класичен популизам и замајување на јавноста. Имаа можнсот до службите да ги достават идеите и забелешките при изготвување на Нацрт буџетот, но тие се одлучија за правење театар пред јавноста, истакна градоначлникот Константин Георгиески. За сите нивни амандмани веќе се планирани финансии за потребите на граѓаните, вели градоначалникот. Бараат да се намалат средства за сообраќајна сигнализација, а не знаат дека тие се потребни за градење на новиот Булевар на 15-ти Корпус, велосипедски патеки, поставување на подвижни столбчиња со сензори на Кеј Македонија и на неколку други улици. За предлогот кратење на средства за моторни возила не станува збор за службени возила туку набавка на сопствено пајак возило бидејќи досега користевеме изнајмено од град Скопје, кажа Георгиески. Појасни за привремените вработувања, не значи дека сите ќе бидат реализирани.
„Имаме нов проект, формиравме проектанско архитектонско студио кое функционира. Затоа што кога дојдовме во локалната самоуправа не најдовме нити еден готов проект. Забрзано работиме на проекти и затоа што со сопствени средства ги финансираме изработките на проектите сме побрзи и поекономични од колку да распишуваме тендери за изработка на проекти“, појасни Георгиески.
На денешната 37 седница на општинскиот Совет на дневен ред покрај предлог развојните програми од сите општествени сфери од живеењето на Охриѓани, советниците ги усвоија интегрираниот катастар на загадувачите на животната средина, со кој општина Охрид стана прва во земјава со изработка на ваква дата база на податоци и донација на специјално товарно противпожарно возило од Тутлинген, Германија.