Skip to main content

Стевче Стевоски, пензиониран инспектор од СВР Охрид, денеска на прес конференција, упати обвинувања до полициско безбедносните служби


Тој искажа сомнеж дека   членови на неговото семејство имале последици како резултат на реваншизам врз него. Според него, причината е тоа што додека тој бил активен во службата поднесувал повеќе кривични пријави против  високи функционери во секторот за внатрешни работи и МВР за различни видови  злоупотреби.  

 |  Валентина Неловска  | 

„ Моето повикување на медиумите се однесува на моето  незадоволство, односно, реваншизмот што го врши СВР Охрид према мене и мојата фамилија. Имено, денеска,  преку Основното Јавно Обвинителство Охрид  до  Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесов  кривична пријава против вработени лица во МВР, УБК и АНБ бидејќи наведените лицата се сторители на едно кривично дело злоупотреба  на службена положба и овластување по чл. 353 ст 1 од Кривичниот Закон  и едно кривично дело  фалсификување на службена исправа по 361 ст. 1 и 2 од Кривичниот Закон.

Пријавените лица во текот на  2019 година, злоупотребувајќи ја својата службена положба  со пречекорување на границите на  службени овластувања како службени лица тенденциозно  и со реваншизам изготвиле  службена  исправа  безбедносна проверка за лицата Стевоски Павел и Петар од село Елшани во кои внесле невистините податоци дека се сторители на кривични дела и со свој потпис и печат извршиле заверка на  исправата по што ја употребиле  како вистинита пред Комисијата за прием на кандидати за полицајци по оглас на МВР од 2019 година“ , кажа на  Стевче  Стевоски на денешната прес конференција.