Првото бебе во оваа година е машко
Првото бебе во оваа година е машко. Бебето дојде на свет во 13 часот и 13 минути.
Синчето е втора рожба на триесетгодишната мајката Нита Кркути од Дебар. Бебето дојде на свет во 13 часот и 13 минути. Новороденчето е здраво бебе, родено со тежина од 3600 грама, а долго 54 цм.
Спонтаното породување го изврши медицински тим од гинеколошкото одделение при Општа болница Охрид, предводено од гинеколог д-р Мимоза Влаши Хиса, специјалист акушер и неонаталогот д-р Зорица Стрезоска.
Традиционално, се очекува мајката и првороденото бебе во Новата година да ги посети градоначалникот Константин Георгиески при што ќе им додели пригодни подароци.