Во Основното училиште „Св. Климент Охридски“ се подобруваат условите за работа
Во Основното училиште „Св. Климент Охридски“ се подобруваат условите за работа. Направени се две нови училници, а тоа се јави како потреба поради зголемениот број на ученици во ова училиште. Во тек е промена на старата со нова, висококвалитетна дограма. Активностите се реализираат со средства добиени преку проект на Југозападниот плански регион.
лимент Охридски“ се подобруваат условите за за реализирање и следење настава. Со преадаптација на постоечкиот простор се направија две нови училници, а тоа се јави како потреба поради зголемениот број на ученици во ова училиште. Во оваа учебна година се запишаа 70 првачиња кои се распоредени во три паралелки во централното училиште и една во истурената паралелка во Даљан, а децении наназад ова училиште имаше намален број ученици па најчесто беа сместени во една паралелка.
Сега тука ќе бидат сместени учениците од петто одделание бидејќи тие се веќе поголеми па училниците на долниот кат кои се помали им беа тесни. А понатаму овие училници ќе се адаптираат според потребите кои ќе ги имаме, вели Наташа Танеска , директор на ОУ Св. „Климент Охридски“.
Во тек е промена на старата со нова, висококвалитетна дограма. Нови прозорци веќе се поставени во шест училници и два кабинети, а и во двете нови училници кои се целосно опремени со нов мебел, под од ламинат , а нова просторија е направена и за техничкиот персонал. Изведувач е фирмата „Дрво Пром“, а активностите се реализираат со средства добиени преку проект на Југозападниот плански регион.
Заштеда на електрична енергија, потопли простории, подобра сигурност и безбедност на самото училиште, изгледот ќе биде запазен бидејќи ние спаѓаме во заштитена градско подрачје па не можиме многу да менуваме, вели директорката.
До почетокот на месец април годинава се очекува да биде променета дограмата во сите училишни простории. Менаџерскиот тим на училиштето активно работи и на други проекти. Во план им е да ги санираат тоалетите, посебно кај паралелките со деца со посебни потреби. Повторно планираат да аплицираат за добивање средства преку Југозападниот плански регион.