Советниците не ја усвоија точката, Динамички план за отстранување на бесправно изградените објекти плажи
Од опозицијата се иззедоа од гласање со образложение дека нивните гласови немаат формалноправан важност во Советот. За позицијата пак тоа политичка одлука пред избори.
Во градскиот совет не се усвои точката Динамички план за одстранување на бесправно изградените објекти плажи, една од најважните меѓу 20 -те точки кои се разгледуваа на Дневниот ред. Кирил Пецаков, координатор на советничката група на Вмро Дмпне го изнесе ставот дека тие како совеници се изземаат од гласањето по оваа точка. Жешкиот костен за одлучување по важните препораки на Унеско го препуштија на Градоначалникот и Дражавниот градежен инспекторат. Пецаков предлага два начини на решавање на проблемот.
„Сoветот не е надлежна за ваква одлука да донесе. Градоначалникот и инспекциските служби може тоа да го направат. Да постапат според решението по кое треба да постапат. Кажав да се разговара со сопствениците и забелешките за промена на Законот за концесија да се имплементира во новиот закон кој кон крајот на декември владата не ги усвои забелешките “, кажа Пецаков.
Претседателот на Совет, Живка Ангелсока , во излагањето побара единство во Советот при донесување на оваа одлука од сите советници, но и единство на локалната и централната власт за да се избегнат пристрасноста и селективноста во одстранување на бесправно изградените објекти- плажи. Ристо Николески, заменик на градоначалникот за ставот на нивните политички опоненти од Вмро Дпмне смета дека одлуката има политичка позадина.
„Тие не работат за интересите на Охрид и охриѓани и имаат за цел со популистички постапки да заработат ефтини политички поени. Целта на оваа локална власт е да стави ред во незаконското и противправно искористување на крајбрежниот простор и узурпација на плажите за диво изградените шанкови, платформи , настрешници и помошни објекти без никакви договори за закуп“, кажа Николески.
Станува збор за 14 плажи кои бесправно работат од 2013 година навака. Планот е од исклучително значење за успешно исполнување на процесот на препораките од Комитетот за светско култруно наследство за Охрид да го зачува статусот на Унеско како заштитено поддрачје и дел од светското културно наследство.