Skip to main content

Екипите на Комуналец подготвени за справување со снегот

Во Охрид и околината  наврнаа околу  9 цм снег. Влажниот снег кој почна да врне во утринските часови предизвика пад на неколку дрва и гранки од дрвја во неклку делови од градот. Од ЈП Охридски Комуналец се подготвени за расчистување на новиот  бран снежни врнежи кои се очекуваат според најавите на хидрометереолозите.

 |  Валентина Неловска  | 

Во градот и околината рано утрово наврнаа околу 9 цм снег. Екипите на ЈП Охридски комуналец од 4 часот изутрина се на терен и го расчистуваат снегот, информира Трајан Љаткоски , раковител на паркови и зеленило. Имаме доволно и механизација и човечки ресурси за да се справиме со снежните врнежи , вели Љаткоски.

„Според прогнозите снегот беше очекуван Бевме навреме на терен излезени за расчистување со механизација во центаралното градско подрачје и косите улици, а потоа ги расчистувавме и улиците и тротоарите кон периферијата “, информира Љатксоки.

Утрово и во текот на денот биле посипани  10 кг абразивни средства. Се планира и вечерва да се посипуваат улиците со абразивни средства бидејќи се очекуваат минусни температури. Влажниот снег кој почна да паѓа  во утринските часови предизвика пад на неколу дрва и гранки од дрвја.

„Имаше во неколку делови од градот паднати дрва и гранки. Ги расчистивме и местата се проодни. Со зголемување на воздушните температури ќе се расчистат и останатите гранки и дрва“, потврдува  Љаткоски.

Екипите на ЈП Охридски комуналец се подготвени за  делување. На терен се присутни со дежурни екипи 24 часа, кажува Љаткоски. Имаат на располагање 10 екипи кои рачно го чистат снегот, 2 соларки за посипување на улиците со абразивни срдтва, 3 ножа и 1 трактор со нож за чистење на градските улици.