Објавен е тендер за изведба и реконструкција на улицата Абас Емин
Со реконструкцијата ќе се градат нови линиските инфраструктурни објекти за водоводна, фекална и атмосферска мрежа на улицата Абас Емин. Работите ќе започнат од почетокот на месец април, а ќе траат 6 месеци во неколку фази. Веднаш ќе следува асфалтирање и поставување на тротоари таму каде што ќе има услови.
Од 5 февруари започна објавата од страна на Министерството за транспорт и врски за избор на изведувач за целосна реконструкација на улицата Абас Емин. Со изборот на изведувач на градежните работи според тендерската процедура предвидена е сложена реконструкција. Одделението за комунаен фонд изработи неколку проекти . Средствата за овие зафати се во висина од околу 46 милиони денари. 26 милиони се обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој преку МТВ , информира Томе Нанески раководител на Фондот за Комунален развој. Работите се очекува да почнат на пролет од месец април и ќе траат и во летниот период.
„ Проектот за реконструкција на водоводната линија и одведувањето на отпадните води рокот е 6 месеци. Изведбата ќе се работи во неколку фази на делови заради тоа што е фрекфентна улица па ќе гледаме што помалку да биде целосно затворена за сообраќај“, вели Нанески.
Асфалтирањето на улицата и поставување на тротоари ќе се изградат таму каде што ќе има услови. Општина Охрид за овој зафат на улицата обезбеди и дополнителни 20 милиони денари од ресорното министерство. Според проектот овој зафат ќе треба да заврши до крајот на оваа година со што жителите од една најстарите градски улици после долго време чекање ќе добијат современа улица. Градежните зафати во должина од 2 км се од пресекот со Булевар Туристичка до Булевар Железничка и ќе се одвиваат во неколку фази, информира Нанески.
„Се работи за многу фрекфентна улица која е многу оштетена. Во моментов таа ние приоритет за реконструкција и пристпивме кон изработка на посебни проекти за нова водоводна мрежа, нова фекална канализација, изградба на нова атмосферска канализација и коловозна реконструкција на целта улица.“
За реконструкција на 15 -ти Корпус избраните оператори веќе започнаа со основните подготвки за улицата. Фондот за комунални работи годинава ќе ги реконструира и улиците Охридска бригада, Прва ударна Македонска бригада, Марко Цепенков во Видобишта,а ќе асфалтираат и попречни улички во населбата Христо Узунов.