Skip to main content

Карлос Састре победи во најтешкатa етапа на Џиро ди Италија

Делницата од Пергола до Монте Петрано во должина од 237 километри тој ја мина за 7:11,54 часа.

 |  Крсте Голабовски  | 
Carlos Sastre
Карлос Састре
Делницата од Пергола до Монте Петрано во должина од 237 километри тој ја мина за 7:11,54 часа. Второто место му припадна на Русинот Денис Менчов, носител на жолтата маичка, кој заостана 25 секунди, една секунда по него низ целта мина Италијанецот Данило ди Лука. Менчов и натаму е лидер во генералниот пласман со 39 секунди предност пред Ди Лука, Састре е на третото место со заостанување од 2,19 минути.

Carlos SastreСастре во Монте Петрано потврди дека не е подготвен само за Тур де Франс каде ќе ја брани титулата туку дека е релевантен фактор и на годинашното Џиро. Ја издржа убиствената жештина и првото место го нападна на последната нагорнина во што и успеа.

Вчера беше слободен ден на Џиро ди Италија. Велосипедистите имаа заслужен одмор, а трката продолжува денеска со кусата меѓутоа интензивна етапа од Киети до Блокхаус во должина од 83 километри. Во неа велосипедистите ќе треба да совладаат нагорнина од 2,064 метри. Етапата е во родниот регион на Ди Лука, Абрузо, што неодамна беше погоден од катастрофален земјотрес. Завршната етапа на Џироди Италија 2009 е во недела, целта е во Рим.

 

{loadposition content9}