Skip to main content

Потпишан меморандум за соработка меѓу Националниот Координативен центар за гранично управување и Планинската спасителна служба

 Со овој чин се донесе јасен  протокол за  брзо преминување на границите на спасителната служба на планина. На спасителите со ова им е овозможено 24 часовно активно, брзо делување во интерес на безбедност на жителите и туристите во зимскиот период во регионот од Македонска и Албанска страна.    

 |  Валентина Неловска  | 

Националниот координативен центар гранично управување и Службата за спасување на планина потпишаа меморандум за прекугранична соработка. Планинската спасителна служба сега е подговена да делува уште побрзо и поефикасно, кажа Антонио Додевски проект менаџер на проектот Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам. Со потпишување на протоколот за соработка се овозможува 24 часовно делување на спасителната единица при што границата нема да претставува пречка и значително ќе се скрати времето за интервенција, посочува Антонио Додески проект менаџер.

„Се водиме од времето на располагање со возила по копно. Во следниот проект е планирана поблиска соработка и опремување на хелихоптерска едница и во иднина да се соработува и да се користи и воздухоплов.“

Професор Владимир Пивоваров , раководител на Националниот Координативен центар, напоменува дека ова е чин на носење јасен протокол за брзо преминување на границите на спасителната служба на планина.

Во случај на примена информација Дежурниот оперативен центар при Координативното гранично управување работи 24 часа. Ја примаме информацијата со основните податоци каде да се помине, бројот на луѓе, која е опремата и се оди со реално време. Во исто време оперативните служби кои се на терен , со царината и полицијата и координативниот центар , се со нив во 24 часовна комуникација“.

На чинот на потпишување на меморандумот со што се одбележа почетокот на Проектот: Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам, поддржан од Европската Унија се обрати Никола Бертолини ракводител на одделот за соработка на ЕУ во Македонија.

„Програмата за прекугранична соработка е најважната програма на ЕУ затоа што местата кои се далеку од главните градови се помалку развиени и поддржани. Затао многу се важни политиките за помагање на регионалниот развој. Ова е комплицирана програма бидејќи како што можеме да видиме овде имаме планински спасувачи од една земја и спасувачи на вода од друга земја кои имаат потешкотии поради границата. Затоа мора да работиме на проекти кои ги надминуваат границите“

Сашо Точков, претседател на ОО ЦК искажа задоволство од нивото на прекугранична соработка меѓу двете држави.

„Воспоставивме систем за ефикасно делување на планинската спасителна служба , наша долгогодишна заложба за воспоставување на безбедносен систем и услови за сите туристи и за сите љубители на планината и на сите жителите кои гравитираат кон 7 општини , 5 од Македонија и 2 од Албанија“.

Горан Милески, Министер за Локална Самоуправа, истакна дека ова е еден од најуспешните проекти од Ипард 2 фондовите.

Ова што го помагаме значи поттик да ги искористиме природните убавини на Охрид за авантуристички туризам а како претпоставка за тоа мора да има безбедност за туристите со што ќе ги привлечиме да дојдат во овај регион.“

Како членка на Националниот координативен центар за гранично интегрирано управување, Царинската управа ќе допринесе проектот да биде успешен и да даде позитивни резултати во развојот на туризмот во регионот, кажа Ѓоко Танасоски, директор на Царинска Управа.

Од мое име а верувам и од име на Царинската управа на Албанија можам да ветам дека ќе преземеме максимално се што е потребно за поедноставување на сите процедури кои се потребни за премин на спасувачките тимови и целокупната опрема со која располагаат за извршување на нивните активности. Границата разделува но можам да кажам дека царината обединува“.

Градоначалниците Зоран Ногачески и Клаудијан Таче, на општините Дебрца и Грамш, кои се партнери во проектот изразија благодарност за можноста која им се дава за промоција на туристичките потенцијали а со тоа и еконосмки развој.

„Дебрца со своите планински масиви како Славеј Планина, Караорман , Стогово, Мазатар и Илинска Планина е природно предодредена за развој на зимскиот и планинарски туризам. Токму затоа овој проект е во дирекна корелација со нашата визија Дебрца да прерасне во виско рангирана природна и културна туристичка дестинација“.
„ Ова е најдобриот проект што се спроведува во нашата општина. Грамш има туристички потенцијал имаме и езеро како и Охрид, водопади и работиме на развој на туризмот. Авантуристичкиот туризам бара безбедност и се надевам дека овој договор нема да биде само на хартија туку ќе биде реален каде што ќе си помагаме едни на други“.

Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам ќе се спроведува во следните три годими. Проектот има за цел промоција на социо-економскиот развој на охридско-преспанскиот прекуграничен регион преку одржлив развој на туризмот, со особено внимание за создавање деловни можности за урбаните и руралните области од поширокиот регион, со понуда на различни туристички пакети и промоција на високи стандарди за безбедност во туризмот.