Skip to main content

За поголем економски развој на регионов потребно е поинтензивно користење на фондовите од ЕУ

Досега се искористени бројни можности, а една во најава е набавка на еколошки бродови за поголем економски бенефит на жителите од крајезерскиот регион.Во таа насока се поттикнуваат општините, здруженијата и институциите да се вклучуваат активно во изготвување на проекти со кои ќе придонесат за развој на целокупното општество, повикува министерот на локална самоуправа Горан Милевски.

 |  Валентина Неловска  | 

Општините во регионот да се стимулираат да изготвуваат проекти со кои ќе аплицираат до фондовите на ЕУ за да имаат бенефит граѓаните, порачува Горан Милески министер за локална самоуправа. Потенцира дека голем неискористен потенцијал во земјава и регионот е туризмот. На тоа подрачје може многу да се направи за поголем развој преку проекти за прекугранична соработка, вели Милески.

„Ако најдеме можност преку Стратешки проект да направиме во Струга и Поградец, а да се искористи и пристаништето во Охрид, да се набават бродови за развој на туризмот, еколошки бродови. Ако успееме да го завршиме тој проект ќе е дополнителен стимулс за развој на туризмот во регионот. Се надеваме заедно со делегацијата наскоро да најдеме решение за да го промовираме и тој проект. Доколку има разбирање од Царинската управа и МВР. Тоа е проблем во кој ќе треба да помогнат и тие за да се имплементира за позитивно да се оцени и тој проект,“посочи Милески.

Во суштина искористување на средства од фондовите од ИПа програмите за прекуграничните проекти се најважани за ЕУ , но и најкомплицирани за реализација , признава и Никола Бертолини , раководител на одделот за соработка на делегацијата на ЕУ во Македонија.

„Моја препорака е да се работи на преминување на границите и да се направи луѓето од двете држави да живеат поблиску. Следните цели ќе се вградување на многу прекуграмнични елементи со кои импактот од тоа врз економијата ќе биде поголем“, укажува Бертолини.


Министерот за локална самопурава побара да се поттикнуваат и останатите субјекти со апликации до ИПА фондовите за зголемување на економскиот развој. Потсети на досегашните успешни бројни проекти реализирани за искористување на средства од европските фондови како што е примерот со прекугранична соработка со соседните земји на Македонија, напомена министерот за Локална самоуправа.

„Како министерство се учиме на грешките и недостатокот на имплементација на овие програми. Се надеваме дека ИПА 3 ќе го дочекаме поподготвени како корисници на овие средства поуспешно да научиме од грешките и да се подготвиме со подбри проекти да ги искористиме фондовите на ЕУ“.


Досега со искористување на средства од Ипа фондовите се реализирани во земјава и регионов бројни проекти како што се формирање на заеднички спасители служби на планина и на езеро, регистрирање на семејни бизниси, проширување на семејни бизниси, наоѓање на пазари за нивните производи и слично, потсети министерот за локална самоуправа.