Природни реткости крие блатното езерце Сино Дувло во Белчишкото блато
Охридските нуркачи регистрирале бројни подводни извори , рибна фауна и ракчиња. Но, пронашле и велосипед како резултат на човечката негрижа кон природното богатство.
Со подводни активности на охридкси нуркачли се разоткриени тајните на Белчишкото Блато кое се нарекува и Сини вирој. Охридските нуркачи од центарот АКВАТЕК и Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016″ од Охрид регистрирале многу природни особености во најголемото блатно езерце Сино Дувло.
Со нуркањето е утврдено присуство на бројни подводни карстни извори кои го хранат езерцето со вода, речиси исти како Светинаумските извори од езерцето формирано од истекот на Црн Дрим. Подводните богатството покрај со вода изобилува и со рибна фауна.Од подводните снимки се препознаваат јата кленови. Низ шуплините од камењата има писи, мали рипчина и голема концентрација на мали ракчиња. Измерена е длабочината на подводното езерце од околу 4 m.
Вишокот вода се прелева во евловата шума која доминира во блатото и е најголема по површина во нашата држава. За жал, како и од Охридското Езеро, и од Сино Дувло нуркачите извадиле предмети од неодговорни луѓе како што била и метална рамка од велосипед. Природните реткости на блатното езерце Сино Дувло допрва треба детално да се проучуваат.