Skip to main content

Мексиканската дива Лила Даунс вечер ќе го отвори осмиот ОФФест

Мексиканската дива Лила Даунс со својот бенд  вечер во Универзалната сала ќе го отвори осмиот ОФФест, во чии рамки годинава ќе има пет концерти и две филмски проекции.

logo
лого
Мексиканската дива Лила Даунс со својот бенд  вечер во Универзалната сала ќе го отвори осмиот ОФФест, во чии рамки годинава ќе има пет концерти и две филмски проекции.

Скопје е дел од светската промотивна турнеја на Даунс по повод нејзиниот нов албум „Shake Away“.
Покрај џезот, Даунс негува исклучително емотивен, традиционален стил. За нејзината кариера е значајна соработката со џез-пијанистот од Филаделфија Пол Коен, кој денес е нејзин сопруг и уметнички директор.

Lila DaunsВо 1997 година Даунс го објавува албумот „La Sandunga“, а три години подоцна целосно ги потврдува своите извонредни вокални потенцијали со издавањето на албумот „Tree of Life“. Следуваат и „Border (La Linea)“ во 2001, „Una Sangre (One Blood)“ во 2004 и „La Cantina“ во 2006 година. Во последните неколку години Лила Даунс и нејзиниот бенд практикуваа долги турнеи низ Мексико, Јужна Америка, САД и Европа.
Нејзиниот глас се појавува и во музиката за филмот „Фрида“, во песната „Burn it Blue“, номинирана за oскар за најдобра композиција. Таа ја изведе и на самата свеченост на Академијата, на 75-то доделување на наградите.
Следен концертен термин на ОФФест е 30 мај кога во Универзалната сала ќе настапат Даниел Мелинго од Аргентина и Хрватот Дарко Рундек со своето трио. Посебна вечер во рамки на фестивалот е посветена на македонската музика – на 2 јуни ќе настапат составот „Љубојна“ и „Проект Жлуст“ кои ќе го промовираат својот нов албум.

Два дена подоцна на турска вечер насловена „Звуците на Истанбул“ во Македонската опера и балет ќе гостуваат  „Ориент Експрешнс“ и „Баба Зула“, кои ќе претстават синтеза на турскиот фолклор со модерен електронски звук.
Последниот концерт на ова фестивалско издание е на 10 јули, кога во Универзалната сала ќе настапи Пати Смит и нејзиниот бенд, чија музика се оценува како возбудлив спој на рокенролот и поезијата. Концертот во Скопје ќе биде почеток на нејзината европска турнеја. За неа во Кинотеката на Македонија на 29 мај ќе биде прикажан и документарен филм „Dream of Life“. Во Кинотеката ќе биде прикажан уште еден филм, на 3 јуни – „Crossing the Bridge: The sound of Istanbul“.
ОФФест е член на Европскиот форум на светски музички фестивали. И годинава е поддржан од Министерството за култура и Град Скопје, но со помал буџет за околку 50 отсто во однос на лани.

{loadposition content9}