Ридот над Чекоштина секојдневно се затрупува со разни видови отпад
Граѓаните кои живеат во овој приградски дел повикуваат на повисока еколошка свест. Еколозите апелираат инспекторите да бидат поприсутни на терен за да се заштити околината од понатамошна деградација преку создавање диви депонии претежно од градежен шут.
Разни видови отпад се растовараат и се затрупува шумата на ридот Чекоштина. Со тоа продолжува да се загадува природата и животната средина во овој пригардски дел од градот каде што живеат околу 100 тина семејства . До загaдувачите не допираат поставените табли со натписи кои укажуваат на еколошката свест до несовесните кои се ослободуваат од отпадот на крајно несоодветни места како што е шумата, вели екологистот Ванчо Стојаноски.
„Инспекторите многу добро знаат како ефикасно и ефтино да го решат проблемот. Со поставување на мала камера која ќе следи 24 часа. Денес има камери, луѓето поставуваат во своите домови. Така за една локална самоуправа што е да набави 10 тина камери . Ние и да пријавиме мора да имаме снимка така кажува законот. Ако сторителот не го фати инспекторот на лице место како ќе докажеме ние без снимка кој го направил прекршокот“, вели Стојаноски.
Поплаки за деградирање на природата пристигаат и од неодамна формираното Здружени за развој „Чекоштина урбан“. Граѓаните кои живеат тука се жалат не само на тоа што безмилосно се уништува животната средина со шут и отпад туку укажуваат и на други комунални проблеми. Пред еден месец ги информирале Градоначалникот и Советот за нивните комунални проблеми за кои бараат решение. Вчера упатиле барање за средба со градоначалникот Константин Георгиески и неговите соработници.
„За да напрвиме план како понатаму да дејстуваме. Ние сме готови од наша страна да преземе се што е потребно за работите малку од малку да тргнат подобро“, вели Ванчо Огненов од Здружението.
Од Здружението за развој „Чекоштина урбан“ посочуваат дека со години се соочуваат со лоша патна инфраструктура, немаат број и адреса на живеење и улично осветлување, иако, како што велат, нивните живеалишта се легални.Посочуваат и на потребата од на изградба на нов мост преку кој ќе ја поминува Коселска река.