Втората севернокорејска нуклеарна проба за петпати посилна од првата
Втората нуклеарна проба на Северна Кореја што беше извршена во понеделникот беше за околу петпати помоќна од првата проба во 2006 година, соопштија американските сеизмолози од Универзитетот Колумбија.
| Крсте Голaбовски | Свет
знамиња
Втората нуклеарна проба на Северна Кореја што беше извршена во понеделникот беше за околу петпати помоќна од првата проба во 2006 година, соопштија американските сеизмолози од Универзитетот Колумбија.
Експертите тврдат дека моќноста на севернокорејската нуклеарна проба била еквивалент од 2,2 до четири килотони тротил и дека ако проектилот погодел населено место ќе предизвикал голема штета. Нуклеарната проба на Северна Кореја во 2006 година била со моќност помала од еден килотон.
Податоците за јачината на севернокорејската нуклеарна проба се добиени од различни сеизмолошки институти, вклучително и на Институт што се наоѓа во близина на Кина.
{loadposition content9}