Skip to main content

Општина Дебрца со над шестотини илјади евра ќе ја подoбрува локалната патна инфраструктура

Општината  веќе има аплицирано проект за реконструкција на локалниот пат  Белчишта – Злести , а  приоритетна одлука  за  уште два- три патишта  ќе донесе  Советот. Во општината со владиниот проект  треба да се реконструираат околу 10 км локални патишта.

 |  Валентина Неловска  | 

Општина Дебрца доби над 676.000 евра средства за подoбрување локалната патна инфраструктура од владиониот проект за поврзување на локалните патишта. Овие средства се добредојдени за општина Дебрца вели градоначалникот Зоран Ногачески.

Ние веќе имаме аплицирано со еден проект до Министерството за транспорт и врски. Тој е препратен на одобрување кај Светска банка бидејќи проектот е со заем од Светска банка. Се работи за реконструкција на патниот правец од Белчиша до Злести во должина од оклку 3 км и изградба на една заобиколница околу селото Злести“.  

Општината со ресорното министерството потпишаa Меморандум за соработка за проектот кој ќе трае 3 години. Ние се обврзуваме наменски да ги искористиме средствата за да се подобри локалната патна инфраструктура, вели Ногачески. Во наредниот период ние како општина ќе аплицираме со уште неколку проекти. Приоритетна одлука за уште два- три патни правци треба да дадат советниците.

„ Проектите ќе бидат приоритизирани според потребите кои ги имаме од реконструкција на постоечки патни правци или улици. Приритеот ќе го утврди советот на општината“.

Во општината со владиниот проект треба да се реконструираат околу 10 км локални патишта, со изградба на одводни канали, банкини и други пропратни делови на патната инфраструктура.