Брегот на Охридското Езеро, кај населбата Љубаништа, прекриен со отпад
Брегот на Охридското Езеро, кај населбата Љубаништа, прекриен со разноразен отпад од пластика. Локалните жители апелираат до надлежните служби и Локалната самоуправа да преземат најитна акција и да се исчисти крајбрежјето бидејќи овој отпад повторно ќе заврши во езерото. Екипите на ЈП „Комуналец“ уште утрово започнаа акција за расчистување на теренот.
Брегот на Охридското Езеро, кај населбата Љубаништа прекриен со разноразен отпад од пластика. Во должина од неколку километри може да се види цврст отпад, шишиња, кеси и друга пластична амбалажа кои ги донесе реката Черава, која од соседна Албанија се влева во Езерото.
Локалните жители апелираат до надлежните служби и Локалната сампуправа да преземат најитна акција и да се исчисти крајбрежјето бидејќи овој отпад повторно ќе заврши во езерото.
Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ утрово започнаа акција за расчистување на теренот од кампот Љубаништа према Св. Наум од делот на плажите кои не се издадени под концесија и завршена е 50 до 60 %од работата. Сметот е собран во вреќи. Околу 150 вреќи се собрани и депонирани во депонијата на Буково, вели Рапешоски Слободан, од ЈП „Охридски комуналец“.
Акцијата продолжува и утре. Ова не е прв пат да биде исфрлен отпад од езерото на овај потег. Затоа инспекциските служби од Општина Охрид го имаат задолжено кампот Љубаништа кој е и концесионер на плажата и манастирот Св. Наум, да исчистат на потегот кој е под нивна сопственост.
Инаки, Охридското Езеро континуирано се загадува од несовесни граѓани. Нуркачкиот клуб Аква тек во повеќе наврати и на повеќе локации спроведоа акции за чистење на дното на езерото. Имаат извадено фрижидери, шпорети, кревети, бојлери и што уште не. Тие апелираат да се подигне свеста кај охриѓани па затоа во иднина ќе работат на едукација на населението уште од најмала возраст.
Да почни државата да не поддржува. Ние планираме да држиме предавања и по ушилиштата и градинките за да укажиме колку отпадот е штетен и дека ако се фрли во езерото тој има повеќекратно штетно дејство, објаснува Никола Паскали од Акватек.
Акватек продолжуваат со своите акции за чистење на езерото, но бараат одговорност да понесат и граѓаните и институциите задолжени за негова заштита.