Во Охрид побарувачката на станови бележи пораст, а во соседна Струга е во опаѓање
Агенциите за недвижности во двата крајезерски градови со различни искуства од проджабата на недвижности. Мораторимуот за градење има различно економско влијание во продажбата. Во Охрид цените на становите пораснале за 20 посто, а во соседна Струга се намалуваат.
За купување стан во Охрид на прва крајбрежна линија купувачот ќе плати и до 1500 евра за метар квадратен , а во Струга 800 евра. Агенциите за недвижности во двата соседни града имаат различна понуда и побарувачак ,а со тоа и движење на цените на пазарот на недвижности.
Наташа Спасеска Цветкоска, од охридската Агенција за недвижности Капитал, информира дека иако понудата на станови е во опаѓање побарувачката на недвижности се зголемува. Според таквите движења на пазарот цената во Охрид бележи пораст и до 20 посто. Цените на недвижностите во изминативе години паѓаа, но сега економските услови се менуваат. Охрид е се поатрактивен за купувачите и инвеститорите за да имаат парче недвижен имот во Охрид и се инвестира во станови и апартмани повеќе од 90 проценти.
Во Струга пак цената на становите се движи од 450 до 800 евра по метар квадратен. За купување стан во населбата Езерски лозја цената е 500 евра за метар квадратен. Понудата и побарувачката за купување куќи е многу мала. Станови за продажба има но нема купувачи, информираат од Агенциите за недвижности Eуген. Мораториумот за градба има поинаков ефект врз продажбата на становите во Струга. Понудата за продажба на станови станува се поголема, а побарувачката оди во надолна линија, велат од агенцијат за недвижности. Врз продажбата на недвижностите дополнително влијание препорката на Унеско за Мораториум за градење во Охрид и Струга. Има заинтересирани инвеститори за купување на плацеви за градење на објекти но тие се повлекуваат пред забарнаат која не дозволува да се гради во општина Струга.