Skip to main content

Сеуште има такси компании кои возат не ги дезинфицирале возилата

Некои од нив тоа ќе го напрват во текот на денов. Државниот здравствен и санитарен инспекторат највува дека покрај контролите на големите превозни компании засилено ќе ги контролира и такси превозниците.

 |  Валентина Неловска  | 

Некои такси компании сеуште вршат јавен превоз со недезинфицирани такси возила. Додека поголемите превозници од јавниот превоз како автобуси, минибуси и комбиња во Охрид и Дебрца извршиле дезинфекција на возилата, некои сопственици на такси компаниите одолговлекуваат со почитување на Законот за заштита на населението од заразни болести. Од Центарот за јавно здравје, како единствено овластена институција, кажуваат дека од пред неколку дена ги контактирале нивните служби, такси компании и побарале услуга за дезинфекција на возилата, информира Сашо Точков,директор на Центарот за јавно здравје.

„Оваа недела завршуваме со училишта , но и со дел на такси компаниите кои вршат јавен превоз. Завршени се дезинфекции на сите 40 возила на компанијата Мерцедес, а во тек се на Сузуки, Моби дик и Бел Мерцедес и оние кои ќе се јават. Наредбите се јасни, а контролите се ригоризни. Апелирам до сите кои вршат јавен превоз да не се шегуваат и да направат комплетна дезинфекција со наши препарати, а понатака ќе добиваат инструкции како да постапуваат дневно со  дезинфекција “.

Координативното тело во општина Охрид и градоначалникот Константин Георгиески издадоа препорака за проверка на такси превозниците од општина Охрид.

До сите инспектори за сообраќај од општина Охрид и до насоките Дражвниот санитарен и здравствен инспекторат во заеднички контроли ќе излегуваат на терен. Нема потреба во ваква ситуација да бидат несовесни оние кои вршат јавен превоз. Верувам дека сами ќе ја обават активноста за нивно добро и за добро на клиентите“, вели Точков.

Сите сопственици кои вршат јавен превоз треба да си ги знаат законските обврски и да ги заштитуваат патниците и вработените. Оваа обврска која се работи сега во вонредни услови е обврска на јавниот превоз да ја прави на секои 6 месеци според Законот за заштита на населението од заразни болести.