Skip to main content

Наставничката Петковска одржува настава со своите ученици од дома

Одделенскиот наставник Виолета Петковска, од охридското основно училиште Кочо Рацин,  раскажува како ја реализира наставата за  своите ученици од дома во вонредни услови. Во отсуство на национална електронска платформа таа  користи  разни информатички технологии за да ја направи  интересна наставата за своите 16 второодделенци. Петковска сега го применува знаењето  што на своја  добра волја го стекнувала со учество на глобални онлајн конференции,семинари, вебинари,твитмит настани. 

 |  Валентина Неловска  | 

Виолета Петковска, професор по одделенска настава од 0У Кочо Рацин, одржува настава со своите ученици од дома и во овие вонредни услови. Наставата лице во лице од нашата училница секако, многу ми недостасува и мене и на моите 16 второодделенци, но замена имаме со користење на ИТ технологијата, објаснува Петковска. За да не се изгуби наставниот процес Петкоска потенцира, дека наставникот сам одлучува во изборот каква и која алатка им одговара на учениците во зависност од возраста, од наставните предмети и наставните програми. Денот ми започнува со снимање видео и утрински онлајн контакти со децата и родителите.

Прво се поздравуваме во затворената група на социјалната група месинџер. Потоа на скајп презентациите се поврзуваме со оние дечиња што можат утрински, а со други попладне по 18 часот. Синоќа, за прв пат имавме контакт на платформата ZOOM. Во овие услови, децата прв пат се видоа и разговаравме на слободни теми за да се чувствуваат порасположено“, раскажува наставничката Петковска.

Соработката добро ни оди, имам високо ниво на соработка и со учениците и со родителите. Повратни информација ми праќаат родителите преку видеа од изразно читање, слики со пишуваните домашни тетратки кои ќе ги чувам на Google Drive. Позитивно е тоа што следиме утринска ТВ Училница на МТВ, но учениците не се во директен контакт со наставникот. Како наставник мора да објаснам дека ни недостасува национална е-платформа за спроведување на наставата од страна на ИТ тим кој ќе раководи со наставниците, е-програма , ресурси итн.

„Сега остануваме во контакт со учениците.Оние наставници кои учествувале во глобални проекти прават напори да се реализира е- наставата. 80 до 90 посто од наставта верувам дека ја реализираат но поголем дел од моите колеги не се во можност нема национална платформа. Никој не виновен, 20 години никој не инвестирал во образованието. Мој став е дека мора да се инвестира во образованието и во креативните наставници. “

Виолета Петковска ,благодарениe, на нејзиното доброволно учество на глобални онлајн конференции, семинари, вебинари, твитмит настани користи разни ИТ алатки и ресурси за да ја направи што поинтересна секојдневната настава за своите ученици. Има многу разновидни алатки за видео лекции,презентации, Zoom MOODLE, Google classroom, Office 365, Скајп итн , вели таа, споделувајќи го своето искуство како амбасадор и учесник во глобални проекти применувајќи FlipGrid, Padlet ,Wakelet, Zoom и други електронски платформи.