Skip to main content

Регионален форум на МАРРИ иницијативата во Охрид

Во Охрид денеска ќе се одржи еднодневен регионален форум на МАРРИ.

logo
лого
Во Охрид денеска ќе се одржи еднодневен регионален форум на МАРРИ иницијативата на кој ќе се обратат министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и нејзиниот црногорски колега Јусуф Каламперовиќ, чија што земја е следен претседавач со иницијативата.

Gordana JankulovskaПредвидено е на форумот да бидат разгледани досегашните активности на МАРРИ центрите со посебен осврт на изминатата година кога претседавач со иницијативата беше МАРРИ регионалниот центар Скопје. На Форумот ќе бидат презентирани и усвоени нови МАРРИ документи за поквалитетно реализирање на зацртаните цели и задачи, а се очекува да биде усвоена и заедничка декларација.

Најавено е присуство и на претставници на Чешката Република како актуелен преседавач со Европската унија, на Европската комисија и на Регионалниот совет за соработка.

МАРРИ иницијативата е регионална асоцијација на шест земји од Балканот и тоа Македонија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска.

{loadposition content9}