ВМРО-ДПМНЕ Охрид предлага носење итни антикризни мерки на ниво на општината
ВМРО-ДПМНЕ Охрид предлага носење итни антикризни мерки на ниво на општината. Бараат ребаланс на буџетот и пренамена на средствата. Градоначалникот Константин Георгиески вели дека Локалната веќе размислува во таа насока.
ВМРО-ДПМНЕ Охрид предлага носење итни антикризни мерки на ниво на општината. Како што велат од оваа партија, расходните ставки од општинскиот буџет мора да претрпат промени уште веднаш со кратење на сите нерационални трошоци и пренамена на средствата за поддршка на стопанството и сограѓани во социјален ризик. Предлаат итно да се свика седница на Совет и да се донесе одлука со која ќе се спречи натамошно трошење на пари од буџетот за намени како патни трошоци, репрезентации, донации и времени вработувања. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлози, кои очекуваат градоначалникот заедно со службите да ги разгледа и во најкраток рок да се закаже седница на Совет. Градоначалникот Константин Георгиески вели дека Локалната веќе размислува во таа насока.
Општина Охрид и службите заедно со Секторот за финансии веќе подготвуваме ребаланс на буџетот и во наредниот период ќе биде предложен до советниците и ќе има намалување на трошоците и се надевам дека советниците ќе го поддржат тој ребаланс, рече градоначалникот Георгиески.
Од ВМРО ДПМНЕ велат средствата чиј вкупен износ е 42.694.000 денари да бидат наменети за помош на најпогодените граѓани и стопански субјекти во градот, веднаш по ребалансот кој треба да следи.
Од Локалната информираат дека со Ребалансот на општинскиот буџет кој ќе биде доставен на усвојување до Советот во втората половина од месец април. планирани се кратења на многу повеќе средства од оние кои се наведуваат во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Средставата кои ќе бидат скратени, преку дополнителни планирања ќе бидат наменети за спроведување на соодветни мерки, во согласност со препораките за надминување на кризната состојба, во повеќе области на делување и за потребите на граѓаните. Важно е да се нагласи дека во овој целокупен финансиски процес се води особена грижа за зачувување на буџетската ликвидност, велат од Локалната самоуправа.