Новиот директор на општа болница врши реорганизација за да им се излезе во пресрет на сите пациенти да се примаат во услови на епидемија
Во работата на лекарите инфектолози ќе се приклучат и останатите лекари од охридската болница. Формиран е кризен штаб во болницата, а потешките случаи ќе се лекуваат и на одделот за интензивна нега во охридската болница.
Новиот директор на охридската болница, д-р Горан Балевски, интензивно работи на реорганизација на работата на Инфективното одделение. Денес на стручен колегиум е формиран Кризен штаб на општа болница и направен е протокол какви случаи ќе се примаат на лекување. Сите лекари ќе бидат маскимално заштитени и ќе се вклучат во поддршка на работата на трите лекари инфектолози. Инфектолозите од одделението според препораките на одделот за лекување да ги примаат сите пациенти од регионот без разлика дали им е утврден вирусот или не. По утврдување на состојбите ќе ги упатуваат на другите оддели според протокол. Најтешките случаи од регионот ќе се испраќаат со брза помош на Инфективна клиника во Скопје.
„Ако имаат напатствија од Министерството за здравје според тежината на клиничката слика и други медицински докази. Ако се потребни доктори од другите одделенија ќе им помогнат на докторките. Вклучително и персоналот. Формиравме кризен штаб на ниво на болницата и со протокол на министерството за здравство најтешките пациенти од регионов по исполнување на сите капацитети ќе се примаат во новата болница во центарот за интензивна нега. Главен координатор за потешките пациенти ќе е доктор Марина Грозданова“, информира директор Горан Балев.
Преку ноќ условите на одделението не можеме да ги измениме. На инфективниот оддел ќе се направи физичка преграда на влезот. Нов влез не може да се направи, а ќе побараме да се изјаснат и другите специјалисти, подвлекува директорот Балевски.
„Еден дел ќе гледаме да го одвоиме.Тие што ќе влезат ќе се позитивни во тој дел , но не значи дека тие ако се од Ковид 19 се во тешка здравствена состојба може да им е потребна обична респираторна поддршка. Тоа се медицински работи. Имаме поддршка од градоначалникот во градежните работи“, вели д-р Балевски.
На денешниот колегиум присуствувале Кризниот штаб од општина Охрид, градоначалникот Константин Георгиески, директорт на Центарот за јавно здравје и началникот на инфективното одделение за охридската Општа болница да се справи со кронавирусот.