Skip to main content

Макс Мозли е оптимист

Макс Мозли изрази волја да се постигне компромис околу неговиот план за воведување буџетско ограничување за тимовите, но само ако истовремено им се овозможи на новите и на малите екипи да се натпреваруваат со големите.

 |  Крсте Голабовски  | 
Мax Mozli
Макс Мозли
Макс Мозли изрази волја да се постигне компромис околу неговиот план за воведување буџетско ограничување за тимовите, но само ако истовремено им се овозможи на новите и на малите екипи да се натпреваруваат со големите.

Макс МозлиАсоцијацијата на тимовите во Формула 1 (ФОТА) во средата уште еднаш се состана за да продискутира за својот став против правилата за 2010 во пресрет на денешниот краен рок за доставување пријави за учество во Светскиот шампионат в година. Според извештаите во британскиот печат, компромисот би можел да биде буџетски лимит од сто милиони евра и еден сет правила за сите тимови.

„Подготвен сум за компромис, но само ако малите и новите тимови можат да оперираат со многу помали буџети, а притоа да не се премногу бавни во однос на другите екипи“, изјави Мозли за „Газета дело спорт“. „Јас сум голем оптимист за таквото решение. Големите и малите тимови имаат многу различни интереси, а ние треба да ги заштитиме сите“.

Претседателот на Меѓународната автомобилистичка федерација, кој пред неколку недели изјави дека на Ф1 не и’ треба Ферари, сега додава оти се надева дека тимот ќе потпише до денешниот краен рок бидејќи на спортот му треба Скудерија.

„Ќе се пријави ли Ферари до петок? Мислам, да. Оптимист сум и убеден во тоа. Ферари е многу важен за Формула 1, но и Формула 1 е мнпогу важна за Ферари“, изјави Мозли.

 

{loadposition content9}