Сите ученици неможат да следат online настава во охридските основни и средни училишта
Има различни причини. Повеќето се од семејства во социјален ризик и немаат електронски уреди, а други пак интернет пристап. Списоците со ученици кои немаат услови се испратени до ресорното министерство и се чека решение како тие ќе се вклучат во следење на далечинска настава.
Во општините Охрид и Дебрца има основци и средношколци кои не можат да си дозволат следење на online настава. Причините се различни, учениците не можат да си дозволат компјутери, смарт телефони или интернет пристап и не се вклучени во вонредниот наставен процес. Повеќето од нив се од семејства во социјален ризик, но има и такви каде што родителите се немарни.
Во Средното угостителско училиште Ванчо Питошески 15 проценти од нивните ученици немаат пристап до интернет за да се вклучат во вонредниот порцес на настава. Станува збор за 30 ученици од различни класови кои во моментов се дома од различни делови од државата, информира директорот Марјан Радески.
Во ОУ Григор Прличев има 3 ученици кои не може да се вклучат во наставниот процес. Во ОУ Ванчо Николески од селото Лескоец од централното и трите подрачни училишта таа бројка е 5 ученици. Во ОУ Братство Единство за 17 ученици од трите наставни јазици нема повратни информации за соработка со наставниците во наставниот процес. Немаме јасна слика дали учениците немаат електронски уред или пак немаат интернет пристап, информира директорот Џемал Мехмед. Негова препорака е во оваа ситуација д апомогне држават или локалната самоуправа за обезбдување на интернет приклучок , но според него тешко ќе биде за оние кои немаат електронски уреди.
„За учениците кои немаат уреди е голем проблем. Во ова време лично не знам како би се средило. Дали би им се поделиле лаптоп компјутери или телефонски уреди тоа е тешко изводливо, скапа и комплицирана операција. Кои се условите и стандардите. Има наставници кои немаат смарт телефони или добри телефони и тоа би се претворило во пазар“, вели директорот на Џемал Мехмед од ОУ „Братство Единство“.
И во ОУ Дебрца, од истоимената рурална општина, има 25 ученици кои немаат компјутер дома, немаат интернет, се снаоѓаат телефонски со наставниците. За дел немаме точна бројка по претпоставка е дека околу 50 користат интернет од телефон од родителите преку viber ,messinger, slika ,video . Дел од наставниците кажуваат дека некои деца кои претходно воопшто не биле активни сега се и пишуваат домашни задачи. Ученици од долниот дел на општината, од Подмолје до Мешеишта имаат интернет, но знаеа да ги избегнат обврските како родителите така и децата.Тоа беше на почетокот, но кога увидоа дека е сериозна работата, од препораките на МОН дека ќе се оценуваат, сликата се подобри. Со тоа стана полесна работата и на наставниците зошто претходно не добиваа повратна информација, информира директорот на школото Билјана Славеска.
Директорите на основните и средните училишта информираат дека на барање на ресорното министерство направиле и им ги доставиле списоци со ученици кои не се во можност да следат далечинска настава. Сега на потег е МОН со своите одлуки како ќе најде решение во оваа вонредна состојба за да им обезбеди на сите ученици вклучување во наставиот вонреден процес на образование.