Skip to main content

Охриѓани дисциплинирани во изминатото деноноќие

Стабилна е и безбедносната состојба и на подрачјето на остантите 6 општини кои ги покрива СВР Охрид. Во периодот од 07.00 часот вчера до 07.00 часот утрово целосно се почитувала забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19.

 |  Валентина Неловска  | 

Од СВР Охрид упатуваат апел до граѓаните, строго да ја почитуваат одлука на Владата за забрана на движењето од 16.00 до 05.00 часот секој ден која почнува од денес и целосно за време на викендите. Во изминатото деноноќие охриѓани биле дисциплинирани. Стабилна е и безбедносната состојба и на подрачјето на остантите 6 општини кои ги покрива СВР Охрид. Без проблеми се одвивала и контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

„Во Струга, евидентирано е едно ново лице со решение за изолација и извршени се 26 контроли на лицата кои веќе се во изолација од кои во Охрид се 14, Струга , 9 и во Кичево 3. Евидентирани се 11 нови лица во самоизолација, сите во Дебар,а извршени се 237 контроли врз овие лица во Охрид се направени 3 контроли, во Струга се  170, Кичево 3 и Дебар 61 контрола“.

На подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 627 лице кои се под задолжителна мерка државен карантин од кои во Охрид се наоѓаат 326 лица, а во Струга се 301 лице,сите  сместени во пет сместувачки објекти.

„Од нив, три лица се нови сместени во карантин во изминативе 24 часа .Во Охрид се сместени 2 лица, а во Струга 1 лице. Полициските службеници извршија 70 контроли на угостителски објекти“.

Стабилна е безбедносната состојба и на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба.