Skip to main content

ПОТВРДЕНИ 49 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 49 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 13, Куманово – 14, Штип – 6, Прилеп -8, Велес-6, Гостивар -1 и Кочани -1.

 |   | 

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 49 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 13, Куманово – 14, Штип – 6, Прилеп -8, Велес-6, Гостивар -1 и Кочани -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 760 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:
Скопје – 297
Куманово – 182
Дебар – 49
Штип-27
Прилеп –58
Тетово – 31
Струга – 33
Велес – 24
Битола –8
Охрид –4
Кавадарци – 3
Гостивар –7
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-3
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 20
Пробиштип – 1

Во изминатото деноноќие направени се 586 теста. Преку ИЈЗ се направени 423, преку Ветеринарен факултет –6, Авицена –15 , Биотек –24 и Фипил Втори (Жан Митрев) –118. Досега во земјата се направени 7.653 тестирања на Ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент (73г) од Прилеп, примен на болнички третман на 1 април, а во Куманово на Клиниката за хематологија почина ново-дијагностициран пациент (76г.)

Во изминатото деноноќие на Клиниката се примени 3 пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 68, од кои 15 се на кислородна поддршка и 8 на механичка вентилација.

Во болницата „8 септември“ се примени 8 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 28 потврдени и сомнителни на коронавирус. Од нив 9 се со потешка клиничка слика, а 6 пациенти се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани вкупно 5 пациенти, еден пациент повремено на кислородна поддршка, а другите стабилни. На домашно лекување преку оваа болница се следат 7 пациенти кои се во добра општа состојба.

Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 13 пациенти потврдени и сомнителни на коронавирус, а уште 13 се следат на домашно лекување. Освен една пациентка кај која има влошување на состојбата, сите останати пациенти се стабилни.

Денеска Министерот за здравство Доц. д-р. Венко Филипче нема да одржи прес конференција. Вашите прашања испратете ги на меил, одделението за односи со јавност на Министерството за здравство ќе достави одговори.