Недвед останува во Јувентус
Чешкиот ветеран кој игра во Јувентус, 37-годишниот Павел Недвед, сепак нема да ја прекине својата кариера.
Според официјалните информации од Јувентус, управата на клубот го предомислила стариот лисец дека им е потребен уште една година. Со тоа тој ќе го продолжи договорот со старата дама за уште едно лето во кое би земал по 1.7 милиони евра и повторно ќе добие прилика да се бори за европската шампионска титула што му е неостварена желба на Недвед.
По елиминацијата од Челзи во осмина финалето од Лигата на Шампионите оваа година, Недвед најави повлекување и прекин на кариерата.
Недвед е во Јувентус од 2001 година, беше во клубот и кога тој мораше да го напушти елитното друштво и му помагаше во сите неприлики, вкупно има одиграно 246 средби и има постигнато 51 погодок.
{loadposition content9}