Охриѓани дисциплинирани и совесни за време на продолжениот плициски час
Само четворица граѓани ја нарушиле забраната за движење, а во соседна Струга тоа го сториле 14 лица. Во изминатите денови до СВР Охрид немало пријави за семејно насилство и тешки кражби.
Мирно и стабилно изминале 85 -те часа карантин во земјава кои трае од 16 часот , петок 17 април до 5 часот утрово. Граѓаните во Охрид биле дисциплинарани и само 4 -ца ја нарушиле забраната за движење за време на спроведување на мерки за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на Ковид 19, а во соседна Струга тој број бил 14 лица, информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
„Во овој период во СВР Охрид нема пријава за семејно насилство или друг облик за случено кривично дело “, кажува Димоски .
На 18 април, саботата се случила една тешка сообраќајна несреќа кај Прентов мост, бил нарушен јавниот ред и мир во село Злести во општина Дебрца, а кај едно лице во Охрид било пронајдена опојна дрога марихуна.
„Сите лица се приведени и против нив се поднесени соодветни кривични пријави“, информира Димоски.
Од СВР упатуваат благодарност до граѓаните за совесното приддржување до мерките и апелираат и понатака да се почитуваат мерките кои се на сила во земјава за да се спречи пандемијата од корона вирусот.