Skip to main content

Нема драстично зголемување на бројот на невработеност во општина Охрид

Не се забележани отпуштање од работа од фирмите погодени со пандемијата. Споредбените податоци од оваа и минатата година покажуваат дека бројот на невработеност покажуваат тенденција на намалување, велат од охридскиот центар  за вработување. 

 |  Валентина Неловска  | 

На пазарот на трудот во Охрид, во месец март се евидентирани 2858 лица кои активно бараат работа. Во моментов бројот на невработените лица евидентирани во охридскиот центар за вработување не бележи поголеми промени, информира Маја Биткоска Ташкоска, директор на центарот за вработување. Нема масовни отпуштање од работа од фирмите погодени од пандемијата.

„Нема драстично зголемување на бројот на невработени , дури и се појавува вработеност кај невработените лица во различни сектори“, информира Биткоска Ташкоска.

Споредбените податоци од оваа и минатата година покажуваат дека бројот на невработеност покажува тенденција на намалување, вели директорот на охридскиот центар за вработување. Податоците во март 2020 споредени со март 2019 година покажуваат дека бројот е намалена за 111 лица, вели Биткоска Ташкоска.

„Не се забележани отпуштања од работа. Работодавачите се потрудија со различни механизми да ги задржат вработените во фирмите со мерките кои ги понуди владата и најдоа решенија да не се намали бројот на вработените лица во нивните фирми“, кажува Биткоска Ташкоска.

Директорката Биткоска Ташкоска ги споделува податоците од пред три години кога во март 2017 бројот на невработени лица бил 3938 , а во март 2020 истиот е намален за 1080 лица.