Во Охрид нема место за паника
Состојбата е под контрола, смета министерот Венко Филипче. На Инфективната клиника во Скопје доброволно се вклучи кардиологот доктор Игор Балески, по потеко охриѓанец.Тој долги години живее и работи во Универзитетската болница во Марибор, а ќе престојува во земјава за да помогне на пацеинтите и колегите со своето искуство во борбата со Ковид 19.
Од 15 те случаи во Охрид кои се регистрирани со корона вирус сеуште нема излекувани. Во овој момент нема информација дека има оздравени лица кои се на домашно лекување. Охрид петти ден е без регистрирани нови случаи на инфицирани. Нема место за паника, порача министерот за здравсто по последниот случај од 19- ти април кога беа регистрирани 8-охриѓани, а вработени на една бензиска пумпа во Охрид.
„Сметам дека работата е локализирана и овие мерки на рестрикција кои досега ги презедовме и новите кои ги воведовме, работите ќе се под контрола како што е сега , “ вели министерот Филипче.
Министерот информира дека на Инфективната Клиника во Скопје како поддршка на медицинскиот тим доброволно престојува кардиологот доктор Игор Балески, по потеко охриѓанец. Тој долги години живее и работи во Универзитетската болница во Марибор и има огромно искуство во третман на пациентите на интензивна нега, инфромира Филипче.
„Тој е кардиолог, меѓутоа сметавме дека неговото искуство во третман на овие пациенти ќе помогне и при третманот на нашите пациенти на Инфективната Клиника. Тој се понуди да дојде и сега две недели практично со отсуство од Словенија ќе волонтира, ќе работи со нашите колеги. Денеска за првпат престојуваше на Инфективната Клиника. Сакам да изразам голема благодарност до колегата и уверен сум дека неговиот придонес во оваа ситуација навистина ќе биде од големо значење и за пациентите и за членовите на медицинскиот тим на Инфективната Клиника“, изјави министерот Филипче.
Според официјална статистика на ресорното министерство во Охрид досега има 15 случаи на ковид 19, а во соседна Струга 55.