Болниците и здравствените домови од регионов добија 3 тони медицински алкохол
Донацијата е на иницијатива на општина Охрид ,а донатори се повеќе општествено одговорни компании, претпријатија и невладини организации. Меѓу медицинските установи се охридската општа болница, костозглобна, кардиолошкиот центар и здравствен дом.
Донција од три тони алкохол добија медицинските центри од Охрид, Струга, Вевчани, Ресен и Битола. Вредната донација од медицински алкохол е на иницијатива на општина Охрид и ЈЗУ Општа болница Охрид. Донатори се компаниите Зегин, Винарија Лозар, НВО Балкан медија, ЈП Охридски комуналец.
„Од името на општина Охрид сакам на тие што се погрижија за да се реализира донацијата да се заблагодарам. Апелирам и на другите компании и поединци од општина Охрид да се вклучат во слични вакви акции во овие тешки моменти сите заедно да ги пребродиме полесно“, кажа охридскиот градоначалник Константин Георгиески.
Доктор Диел Аголи, координатор на кризниот штаб при ЈЗУ Општа болница, исто така упати благодарност до сите компании кои покажале општествена одговорност и помагаат на заедницата, лекарите и здравствените работници во справување со Ковид19.
Охридската општа болница досега добила донации и од фирмите АСП, Здружение на возачи, Лајонс клубовите Лихнидос и Деница , Градски отпад и комуналните претпријатија. Обезбедени се 270 скафандери во комплет со каљачи, хируршки маски , платнени маски и маски N 95 за работа со најкритични пациенти кои за среќа во моментов ги немаме, кажа д-р Аголи.
„Се надевам дека нема да има потреба во полн капацитет да работиме и да покажеме како тоа изгледа. Засега сме задоволни од она што го постигнавме во нашата болница и на организационен план и на начин на кој може да ги дочекаме пациентите. Ние се однесуваме како секој пациент да е заболен од Ковид 19 по препораките од нашето министерство за здравсто“, кажа д-р Аголи.
Денес беше поделена првата количина од 1000 литри од обезбедените 3000 литри медицински алкохол за регионот, кажа од името на донаторитеСашо Денесоски , од НВО Балкан Медија.
„Утре и задутре ќе се дели на ЗД Вевчани, Здравствен Дом Охрид, Општа болница Струга, Костозглобна, кардиолошки , Клиничка болница Битола, Здравствен дом Ресен. Утре продолжуваме и понатака“, посочи Денесоски.
Донации со медицински алкохол Зегин има обезбедено и 1000 литри за Инфективната клиника во Скопје, 500 литри за кумановската општа болница и по 300 литри за медицинските установи во Готивар,Тетово, Дебар и Ростуше.