Skip to main content

Заживуваат одамна напуштените родни огништа во општина Дебрца

 Во изминатиов  месец и половина се повеќе луѓе се враќаат од градот во заборавените села, информира градоначалникот Зоран Ногачески. Додава дека некои од повратниците почнале и со обработка на напуштеното обработливо земјиште кое во општината го има на стотици хектари.

 |  Валентина Неловска  | 

Во општина Дебрца се забележуваат се поголем број на повратници од градовите, информира Зоран Ногачески градоначалник на оваа општина. Според изреката на старите „секое зло за добро“ во изминатиов месец се забележува дека во сите села луѓето се враќаат на татковите огништа, додава дека во ова време на пандемија луѓето од домашниот карантин по градовите бегаат во природа на село.

„Мислам дека искуствено од оваа ситуација која настана луѓето треба полека да се враќаат назад на родното огниште, да се вратат назад во природата. Можеби и ова е една таква порака која што ни се испраќа дека премногу се отуѓивме од приодата, отидовме по градовите, се сконцентриравме во урбаните центри и ги заборавивме селата и природата, а Дебрца тоа го нуди“.

Градоначалникот Ногачески додава дека е заблежливо по нивите дека има повратниците кои почнале да ги обработуваат напуштените обработливи површини земја.

„Рано е да кажеме дали ова ситуација ќе предизвика луѓето постепено трајно д а се враќаат и да ги обработуваат нивите. Но, ние се трудиме како локална самоуправа со нашата визија да се промовира во екотуристичка дестинација, но и во дестинација за прозиводство на здрава органска храна со предизпозциите кои ги има општина Дебрца“.

Во сите делови на општината  од Горна, Средна па дурии од Долна Дебрца има на стотици хектари напуштена обработлива површина земја и само една третина се обработува , вели Ногачески. За да заживее аграрот потребни се  измени во политката на централната власт и носење на низа мерки за да се поддржи аграрната политика во напуштените рурални средини , смета Зоран Ногачеки градоначалникот на оштина Дебрца.