Државите од Западен Балкан заедно за спас на туристичката сезона
Во моментов регионот може да се спаси само доколку сите држави од западен Балкан се држат заедно и настапуваат синхронизирано, се согласија директорот на АППТ Љупчо Јаневски и НЕ Марија Петровиќ, Амбасадор на Република Црна Гора во РСМ.
Во моментов регионот може да се спаси само доколку сите држави од западен Балкан се држат заедно и настапуваат синхронизирано, се согласија директорот на АППТ Љупчо Јаневски и НЕ Марија Петровиќ, Амбасадор на Република Црна Гора во РСМ.
На средбата се актуелизираше идеата за соработка на земјите од т.н мал шенген, каде туристите од западен Балкан би се движеле слободно со полиберални протоколи на влез и излез од државите, но задолжително да се изготви протокол помеѓу државите каде точно ќе биде наведено како ќе се одвива патувањето.
За време на средбата се резимира досегашните импликации предизвикани од пандемија на Ковид 19 врз туризмот во целиот регион, но се даде фокус на можните сценарија во иднина,односно, она на кое во моментот ќе бидат фокусирани двете држави е домашниот туризам, промоција на рурални дестинации, еко-туризам, авантуристички туризам, гастрономија и други форми на алтернативен туризам, кои би ги привлекле како домашните, така и туристите од регионот.
Воедно, двете страни ја потенцираа важноста на сигурноста и безбедноста на туристите дека дестинациите во кои патуваат се безбедни. Двете земји ќе продолжат да работат на одржлив туризам, екокампови и еко сместување, а селективните форми на туризам ќе овозможат константна потрошувачка. На средбата беше посочено дека во моментов, најбезбедно би било патување со автомобил и автобус, како и фактот дека периодот што следи нема да има ниту зимски туризам, ниту масовен туризам и кружни тури. Дополнително, на средбата се начна и идејата, за наредната година.
Да биде пуштена авионска линија Македонија – Босна – Црна Гора, која ќе биде економски прифатлива за граѓаните од регионот, а несомнено треба да се работи и на подобрување на инфраструктурата во целиот регион.
Потребата од ребрендирање и прилагодување кон новонастанатите услови, ќе се одвиваат чекор по чекор, а веќе кон средината на јуни, по иницијатива на АППТ би се одржал еден заеднички состанок на претставници на националните туристички организации од Србија и Црна Гора и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот како би можеле трите држави заедно да споделат искуства и да започне една заедничка кампања со цел да се спаси туристичката сезона.