Skip to main content

Проверете ја годишната даночната пријава и коригирајте ја до крајот на месецов

Управата за јавни приходи соопшти дека на 31-ви овој месец истекува рокот за потврдување или коригирање на годишната даночна пријава.

 |   | 

Управата за јавни приходи соопшти дека на 31-ви овој месец истекува рокот за потврдување или коригирање на годишната даночна пријава.

– По истекот на законскиот рок на 1-ви јуни годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на годишната даночна пријава – потврдена или коригирана. Службено ќе бидат потврдени и годишните даночни пријави коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени ниту коригирани, соопштуваат од УЈП.

Годишната даночна пријава којашто граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данокот на личен доход за 2019 година.

Од УЈП апелираат граѓаните кои оствариле приходи, а сѐ уште не се регистрирале на системот е-Персонален данок, истото да го сторат во најкраток можен рок.