Skip to main content

ОУ „Братство Единство“ одбележува 7 децении од постоењето

Ковид 19 го попречи свеченото одбележување на јубилејот на едно од најстарите општински училишта во кое се образовале бројни генерации. Во училиштето 930 ученици следат настава на три наставни јазици Македонски, Албански и Турски.

 |  Валентина Неловска  | 

Општинското основно училиште Братство Единство го одбележува патрониот празник 25 мај и 7 децении од работата. Во ова школо низ годините завршиле бројни генерации успешни луѓе во своите професии. Одбележувањето на патронатот и јубилејот годинава ќе изостанат од вообичаениот начин, свечности, без детската смеа и врева, како и гостите од збратимените училишта од Република Турција и Храватска, информира Џемал Мехмед, директор на основното училиште. Невидливиот непријател Ковид 19 ги затвори сите па и нашето училиште, вели Мемед. Додава дека во изминатите месеци успешно се справиле со реализација на наставниот процес за учениците да постигнат високи резултати во наставата.

 „Наставниците и учениците се соочија со предизвик во учењето. Нашето училиште се справи со ситуацијата. Бевме меѓу првите училишта во градот кое креираше веб страна иим овозможи лесен пристап до сиет предемти. Се користеа сите алатки за он лине настава. Се обидовме да им помогнеме и на учениците кои немаат пристап до интернет и немаат смарт уреди заедно да го решиме проблемот“. 

Во училиштето 930 ученици следат настава на три наставни јазици Македонски, Албански и Турски. Оваа година е објавен и 35 број на училишниот весник Братски глас. Годинава учениците твореле на актуелната тема „И покрај се животот е убав“.

„На таа тема нашите ученици изработија голем број литературни и ликовни творби. Во печатена и електронска форма излезе училишниот весник и е објавен на фејсбук страната на училиштето. По надминување на оваа криза, училиштето ќе го слави уште долги години патронатот. Ние треба да ги почитуваме мерките пропишани од министерството за здравство и ќе има време за прослави“.

Директорот на ОУ „Братство Единство“, Џемал Мехмед воедно ги честиташе и двата празници 24 мај, Денот на сесловенската писменост Свети Кирил и Методиј и Рамазан Бајрам на верниците од муслиманска вероисповед.