Skip to main content

Пандемијата со Ковид 19 ја пролонгира изградбата на покриената југоисточна трибини на СРЦ

Поставени се стопите и се чека издигнување на трибините, но епидемијата го попречи доаѓањето на надзорот од главниот град, за увид врз градежните работи. Од СРЦ работат на уредување на спортските терени и се чекаат препораките на министерството за отпочнување со работа на сите спортски клубови.

 |  Валентина Неловска  | 

Стопирани се градежните работи врз изградбата на модерната покриена југоисточна трибина на СРЦ Билајнини извори. Пандемијата со Ковид 19 се рефлектира и ја пролонгира изградбата на трибините на СРЦ, информира Гордана Јованоска, директор на СРЦ Билјанини извори, за моменталните случувања со започнатото модернизирање на спортскиот фудбалски стадион.

„Основата е поставена се чека надзорот. Тие се од Скопје, а имаат проблем со доаѓањето во Охрид заради пандемијата со Ковид 19. Се продолжи втората фаза со која ќе се поставуваат стопите и издигнувањето на трибините, “информира Јованоска.

Југоисточната трибина започна да се гради пред три месеци. Се се одвиваше според планираното , но панемијата ги сопре градежните активности. Надзорот доцни со недели и рокот на изградбата ќе се пролонгира. До крајот на годината ќе биде завршена целосно изградбата, уверува Јованоска.

„Комплетно покриена ложа, со место за камермани, обезбедена со интернет и електрично напојување , со модрни соблекувални, одел за судиите, се како што треба да изгледа под трибинскиот простор , според стандардите на УЕФА“, вели Јованоска.

Од СРЦ Билјанини извори работат на уредување на спортските терени и се чекаат препораките на министерството за отпочнување со работа на сите спортски клубови кои во моментов се во мирување. На фудбалските терени посадени се 200 кг трева, поставени се бусени со вештачак трева, а се исчистени и двата пливачки базени.