Skip to main content

Рибокрадство

Рибокрадци го пустошат Охридското езеро

Вонредната состојба им оди во прилог на рибокрадците. Од Радожда до Трпејца се изловува и на „црно“ се продава  ендимичната  риба.  Езерото е без концесионер, контроли врши полицијата.
 |  Соња Рилковска  | 
езерска полиција
Криволовците ја користат  вонредната состојба и полицискиот час за нелегално изловување и профит.Најризично е во селата Радожда, Калишта, Пештани и Трпејца. Се изловува и на „црно“ се продава  ендимичната  риба, која со децении е на работ  на исчезнување.Изминатиот период езерската полиција со засилени контроли,  „улови“ рибокрадци со  300 парчиња разновидна риба и 220 рибарски мрежи. Поднесени се десетина кривична пријави.– „Одземени се 122 килограми  најразновидна риба околу 23 000 метри рибарска мрежа и повеќе други риболовни алата и прибор, секако одземени се и кајчиња “, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.Еколозите повикуваат да  се  стави крај на  нелегалниот риболов и овој црн бизнис од кој со години  профитираат  групи  луѓе. Езерото да не се издава под концесија, да се користи само за спортски риболов.-„Само спортски риболов со туризам. Мрежи  никако користење и да се чува сателитски никој да не може да влезе. Одма сателитски се гледа кој е ќе биде фатен притворен и казнет. Во светото денеска сегде така се работи“ , вели Лазо Наумоски еколог.Поради непочитување на договорот, пред три месеци  министерството за земјоделие  му ја раскина концесијата   на фирмата „Летница Белвица“. Па затоа годинава Охридското езеро не е  порибено со подмладок пастрмка.