Skip to main content

Короната ги секна парите за рурален развој и специфични рурални подрачја

Со кратење на буџетот средствата за развој на овие подрачја се пренасочени во антикризните мерки за поддршка на граѓаните и стопанството. Програмите за прекугранична соработка од ЕУ течат непречено.

 |  Валентина Неловска  | 

Ковид 19 ги секна и парите за рурален развој и специфични рурални подрачја. Пандемијата предизвика економска криза која ги зафати сите сектори па тоа влијаеше владата и министерството за финансии да проценат дека финансиска поддршка имаат поважни проекти, информира Горан Милески, министер за Локална самоуправа. Од 8-те милиони евра ставени на располагање на Бирото за регионален развој за 8 -те плански региони во земјава успеавме да поделиме само 70 проценти, додава Милески. Со кратење на буџетот средствата за развој на овие подрачја се пренасочени во антикризните мерки за поддршка на граѓаните и стопанството.

„Останатите 130 милиони денари или нешто повеќе од 2 милиони евра беа повлечени со првото кратење на буџетот. Ние сме во преговори дел или целосно ако има услови тие средства да бидат вратени. Но ако не се случи тоа Програмата за специфични подрчја и поддршка на селата, тие 30 посто од програмата ќе се скратат и не ќе сме во можност да се имплетираат“, вели Милески.

Средствата планирани за рурален развој и специфичните рурални подрачја сега се насочени кон антикризни мерки и потребите од здравствена заштита на граѓаните, напоменува Милески.


Програмата за финансирање на руралните подрачја на селата беше програма со кофинансирање од општините, а за специфичните подрачја целосно беше преку Бирото за развој. За тие програми сега нема пари. Доколку се подобри економијата и финансиската стабилност на буџетот ќе вратиме дел од средствата за да се финансираат проекти. На општините им треба пари намалени им се приходите од комуналии не се гради, општините се жалат дека финансиите се значително намалени и да им се помогне и на општините“, кажува министерот за локална самоуправа.


Програмите за прекугранична соработка , пак со средства од ЕУ течат непречено. Во овие проекти државата кофинансира со 15 проценти. Во моментов има 14 проекти од ИПА2 проектите во вредност од 11 милиони евра и 2 милиони од Министерството за локална самоуправа. Од нив 6 проекти се завршени, а 8 се во фаза на реализација, информира Горан Милески, министерот на локална самоуправа.