Наскоро се очекува почетокот на реализација на проектот Дувло или Свинишки извори
Каптирањето на изворот е според веќе изготвен проект од пред 10 години и е значаен за жителите и за работата на претпријатието Водовод. Со каптирање на изворот нема еколошки импликации врз животната средина.
Наскоро се очекува да почне со реализација на проектот за подобрување на водоснабдувањето на Охрид и населените места од поранешната општина Косел од изворот Дувло или Свинишки извори. Капацитетот на изворот е 220 литри во секунда и со цевковод фи 400 и ќе биде во должина од 21 км. Владата и Локалната самоуправа финансиски ќе го поддржат започнувањето на проектот вреден 3,2 милиони евра, а парите се проектирани во буџетот , информира Свeтозар Стефановиќ, дирeктор на ЈП Водовод .
„Проектот ќе се изведува во две фази. Во првата фаза, околу 1,2 милиони евра средства се обезбедени од Министерството за транспорт и врски. Во таа фаза ќе се работи на делницата до селото Опеница. Втората фаза е 1,8 милиони евра и во таа фаза водата ќе ја донесеме до градот до ЕМУЦ училиштето. Градот ќе се снабдува со 100 l/sek , а останатите 120 l/sek е за пропрaтните места“, информира Свeтозар Стефановиќ, дирeктор на ЈП Водовод.
Реализацијата на проектот со кој се предвидува да се каптира изворот ќе има огромно значење за водоснабдувањето на жителите не само од градот туку и од селските населби кои во моментов се снабдуваат со вода надвор од законските стандарди. Финансиски бенефит ќе има и самото претпријатие Водовод.
„Заштедата ќе е од огромно значење. Моментално струјата што ја плаќа ЈП , месечно е околу 2,5 милиони денари и е огромен терет на претпријатието. Некаде околу 70 посто ќе се намалат трошоците за струја на ЈП“. -вели Стефановиќ.
Проектот Дувло е изработен од стручни лица во ноември 2009 година. Скоро 10 години се чекаше да се издвојат средства за да започне и конкретна реализација на овој проект.