Чилеанец на чело на кралскиот клуб
На интернет страницата на Реал Мадрид и официјално беше потврдено дека Чилеанецот Мануел Пелегрини (55) е новиот тренер на „кралскиот клуб“.
Мануел Пелегрини
На интернет страницата на Реал Мадрид и официјално беше потврдено дека Чилеанецот Мануел Пелегрини (55) е новиот тренер на „кралскиот клуб“.
Сега веќе бившиот тренер на Виљареал ќе им биде претставен на новинарите во вторник, а на клупата тој ќе го наследи Хуанде Рамос.
Шпанските медиуми нагаѓаат дека Флорентино Перез за чилеанскиот стручњак платил четири милиони евра и дека Пелегрини потпишал четиригодишен договор со Реал.
Пелегрини во Виљареал помина пет години, а од „жолтата подморница“ во пакет со него доаѓа и неговиот помошник Рубен Коусилас.
{loadposition content9}