Не стивнува интересот на родителите за запишување на децата во објектите на градинката Јасна Ристеска
Од градинката информираат дека предност ќе им дадат на самохраните родители и вработените кои не можат да отсуствуваат од работните места. Вработените ги прават подготвките за спроведување на сите протоколи за безбеден престој на децата во установите. Скринингот за вработените на Ковид 19 кој беше најавен за понеделник и вторник се одлага.
Има многу заинтересирани родители кои очекуваат да се отворат градинките. И покрај пандемијата со Ковид 19 има потреба од згрижување на децата во објектите, информира Мери Рилкова, директор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Барања за запишување на децата во еден од објектите на градинката Јасна Ристеска постојано пристигаат, а според протоколите се ограничува бројот на децата во сите групи почнувајќи од јасли па се до останатите поголеми групи. Во сите објекти на градинката во 43-те групи може да се згрижат околу 450 деца, во групите за најмалите ќе се згрижуваат во просек по 6 деца во група. Пред пандемијата групите беа двојно поогеми од нормативите. Листата на чекање за упис во градинките е иста со околу 130 деца, вели Рилкова.
„Во случај да имаме поголем број пријави од пропишаните прописи,предност ќе има дадеме на родителите кои работат двајцата и на самохраните родители. Кога ќе почнеме со работа во однос на приемот треба да ги носи еден родител заштитен со маска, да ги оставаат децата на обележани влезови на 2 м растојание и да ги земаат, а исто и да го почитуваат времето на носење и земање на децата определено за секоја група“,напоменува Рилкова.
Вработените ги прават подготовките за спроведување на протоколите по најавите за отварање на установите за безбеден престој на децата во градинка. Препораките се поделени во три дела за установата, воспитно згрижувачкиот кадар и родителите, вели Рилкова. Установите и инвентарот се целосно дезинфицирани, набавени се безконтактни термометри. Помеѓу бројните протоколи се и поставеноста на креветчињата кои треба да се на 1 ,5 метар растојание и да има обележени постелнини посебно за секое дете.
„Децата ќе ги добиваат оброците во занималните, а не во трпезарија. Масичките ќе се оддалечени на 2 метри. Најмногу во група до 2 год треба да има 6 деца со две вработени, а во групите од 2 до 10 години најмногу 15 деца“.
Заради поголема безбедност децата и вработените според протоколите се препорачува престој на отворен простор во дворовите на градинките. Директорката Рилкова реагира дека тие ги уредуваат дворовите и ги одржуваат реквизитите, но има вандалски појави од несовесни граѓани кои ги уништуваат. Посебно ги посочува дворовите на градинките Лихнида и Развигорче. Рилкоска апелира, граѓаните да ги користат, но не да ги уништуваат клупите и реквизитите за игра. Има појави и на искршени шишиња и фрлање на ѓубре, нивните служби чистат, но сликата се повторува.