Забрането е издавањето апартмани и соби
Забраната се однесува и на хотелите и на станоиздавачите од мал обем. Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат потсетуваат дека тоа е дел од одлуките за спречување на пандемијата со Ковид 19. За непочитување на одлуката казните се ригоризни, следува и казна затвор од една година.
Не е дозволена работата на сместувачките капацитети, а со тоа и издавањето на апартмани и соби во хотелите и кај станоиздавачите од мал обем. Забраната е дел од мерките на Одлуката на влада за спречување на ширење на ковид 19, информира Цветко Ристески, ракводител на поддрачната единица на ДПИ.
„Забрането е работење на сите угостителски објекти во дел на сместувaње на гости без разлика дали се од голем или мал обем, дали се правни лица хотели или приватни апртмани, соби регистрирани во регистерот на општината. Согласно одлуката врз основа на Законот за заштита на населението од заразни болести забрането е сместување на гости“, информира Цветко Ристески, раководител на поддрачната единица на Државниот пазарен инспекторат.
Од пазарниот инспекторат најавуваат дека во текот на престојниот продолжен викенд продолжуваат со контроли на сместувачките капацитети. Лицата кои ќе ја прекршат уредбата прават кривично дело, ги потсетува Ристески, оние станоиздавачи кои ги рекламираат и нудат на гостите своите сместувачки капацитети.
„Предвидени се санкции во износ од 300 дневни глоби за правните лица , а предвидена е и затворска казна во траење од една година“, укажува Ристески.
Екипите на Државниот пазарен инспекторат се мобилизирани и се на терен, информира раководителот Ристески. Додава дека се координираат на целата територија. Во делот на сметувачките капацитети досега не сме откриле прекршување, додека во делот на работењето на угостителските објекти инспекторите утврдија прекршоци и се во постапка 5 кривични пријави, вели Ристески.